Астро љубовен шарм!
Шарм, незаборавен печат на секоја личност која има врска со хороскоп. Близнаците ќе се забавуваат, Вагите се Казанова …а во остатокот од текстот дознајте какви се останатите припадници на зодијакот.
Овен
Уште при првата средба оставаат силен впечаток. Нивната животна цел е да се наметнат врз животната средина. Бараат страсна врска во која ќе доминираат, но кога ќе се заљубат се многу спонтани. Поради импулсивното однесување, понекогаш може да остават впечаток на детско однесување.
Бик
Големи материјалисти кои и во емотивната врска гледаат со корист. Пред потенцијален партнер секогаш гледаат да остават добар впечаток, па нивните големи барања внимателно ги прикриваат. Тие ретко превземаат иницијатива.
Близнаци
Ги забавуваат другите како ниеден друг знак. Кај спротивниот пол на почетокот најважен им е надворешниот изглед. Емоциите ги задржуваат под контрола и причината ја знаат самите тие. Но, покрај се на нивниот шарм и духовитост неможе да им се оддолее.
Рак
Големи романтичари, кои ненадејно и често го менуваат расположението. Од партнерот очекуваат бескрајно внимание, а им се препуштаат на своите чуства само кога се убедени дека другата страна е искрена.
Лав
Можат да поднесат неверојатен број на комплименти и пофалби на своја сметка. Секој нов однос ќе го доживеаат како прилика за докажување, а иако се многу страсни, понекогаш е невозможно да се справите со нивната љубомора.
Девица
Многу се внимателни и директни, а од партнерот бараат сигурност, доверба и точност. Премногу романтика и изјавување на љубов во јавност им изгледаат смешно, па затоа не се ни обидувајте.
Вага
Заводници со стил кој кај спротивниот пол секогаш имаат големи успеси. Внимателно проценуваат шарм, надворешниот изглед и вкус на личност која им се допаѓа им е многу важна за совршена комбинација со нивната надворешност.
Шкорпија
Шкорпиите ја обожаваат играта заведување, а сексот им е многу важен додека чуствата одлично ги прикриваат. Кога некоја личност ќе ги повреди, никогаш не забраваат на одмаздата.
Стрелец
Храбри се и поседуваат голема енергија и самодоверба. Секогаш се спремни за ризик. Авантурата со Стрелецот секогаш ќе ви биде интересна, динамична и турбулентна.
Јарец
Веднаш јасно даваат до знаење дека во нивните емоционални односи треба да има ред. Нивната врска се одвива спрема протокол и без излив на емоции.
Водолија
Обожаваат да привлекуваат внимание на себе, а играта со заведување им носи возбудувања и неизвесност. Нивниото однесување понекогаш е ексцентрично и провокативно, но со нив никогаш нема да ви биде досадно.
Риби
Тие се многу емотивни и лесно се заљубуваат, па лесно ќе го привлечете нивното внимание. Со нив треба да се однесувате внимателно бидеќи лесно се повредуваат, а нивна најголема фантазија им е љубовната приказна да ја претворат во бајка со среќен крај.