Србија: Ликот на Богородица на стебло!
Објавено: 1 февруари, 2013, во 16:32 часот
Она што се гледа на стеблото потсетува на ликот на Богородица која држи мало дете во рацете.
Стеблото го откриле двајца мажи во Блаце, во Србија.

Тие велат дека ликот на Богородица е нацртан од Божја рака и дека ги потсетило на еден случај од пред неколку години кога исто така на истото место бил пронајден ликот на Богородица на дрво.
Двајцата мажи рекле дека имале чудни соништа ноќта пред да ја откријат Богородица на стеблото.

