Бијонсе: Ја пеев химната на плејбек!
Објавено: 1 февруари, 2013, во 11:44 часот
Американската пејачка Бијонсе призна дека пеела на плејбек на инагурацијата на претседателот Барак Обама, но сите сомневања во нејзиното пеење беа залудни кога таа ја изведе акапела верзијата на химната на САД на конференцијата за новинари за Super Bowl натпреварот.
Настапот на Бијонсе на 21 јануари предизвика многу големо внимание затоа што се дозна дека пејачката пеела на плејбек.
„Јас сум перфеционист и вежбам додека ме држат нозете, а тогаш немав време да вежбам со оркестарот“, изјави Бијонсе.
Тоа беше шоу кое беше пренесувано во живо и многу емотивен и еден од моите најгорди моменти. Поради времето, одложувањето и непостојните проби не бев во можност да преземам ризик и да пеам во живо, додаде таа.

Исто така сакав мојата земја и мојот претседател да бидат горди, па затоа одлучив да пеам на плејбек, додаде пејачката.
Добитничката на повеќе Греми награди ќе настапи на полувремето на Super Bowl натпреварот во недела.
Еве ја снимката која ги остави без зборови злите јазици и која уште еднаш е доказ за квалитетот кој го поседува Бијонсе:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=rw-sp4z8QQc|308|200|0{/youtube}

