Словенија попушта во спорот со Хрватска !
Објавено: 31 јануари, 2013, во 22:39 часот
Под притисок на Брисел и Вашингтон се очекува договор околу “Љубљанска банка“ по што словенечкиот парламент до 8 март ќе биде во можност да го ратификува пристапниот договор за Хрватска во ЕУ.
Ова би значело решавање на спорот помеѓу Хрватска и Словенија, а се чини дека потоа Хрватска ќе нема пречки за влез во Европската Унија на 1 јули.
Во Словенија до 6 февруари уште еднаш ќе се сретнат шефовите на дипломатиите. Сеуште не е обелоденето сценариото за решавање на проблемот со “Љубљанска банка“, но се споменува како можност меѓународната арбитража, исто како кога се решаваат проблемите со граници меѓу соседни држави. Другиот предлог е да се прифати словенечкиот аргумент и избришат долговите на едната и другата страна. Словенците тврдат дека “Љубљанска банка“ изгубила околу милијарда евра по основ на ненаплатени кредити дадени на хрватски фирми.


