Мобилни апликации за тазе родители!

Објавено: 31 јануари, 2013, во 09:53 часот

Не е лесно да се биде родител, особено кога е во прашање прво дете.

Токму затоа експертите oсмислија некои нови апликации кои би им помогнале на тазе родителите.

 

1. White Noise Baby – понекогаш вашето дете може брзо да заспие, но, оваа апликација е наменета за оние моменти кога имате проблеми со успивањето на вашето дете. Апликацијата содржи звуци кои ќе му помогнат на вашето бебе што побрзо да заспие.

2. WebMD Baby – бесплатна апликација која содржи мноштво од информации за здравјето на вашето бебе. Пребарувајте ги информациите според годините на вашето дете и проверете што да очекувате во тие години. Може да пронајдете околу 400 статии, 70 видео исечоци и околу 600 совети од педијатри.

3. Total Baby – апликација која им овозможува на родителите да внесат податоци за своето дете, кога го хранат, менуваат пелени, купуваат и сл. и сето тоа за лесно да ги следите навиките на детето.

4. High Contrast Patterns and Shapes – апликација која прикажува различни фотографии, бои и облици кои го привлекуваат вниманието на детето додека вие правите нешто друго.

5. Baby Monitor – апликација во која следите колку вашето дете јаде, спие и едноставно споредувате со претходните денови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.