Шанел лего: Чанта за која постои листа за чекање!
Објавено: 30 јануари, 2013, во 09:48 часот
Во светот на модата одредени парчиња едноставно ги освојуваат срцата на трендесерите уште на прв поглед.
Една од таквите љубови на прв поглед предизвикува најновата Шанел лого чанта, за која веќе има долга листа за чекање на овој модел.

Моделот на најновата Лагерфелдова идеја е четвртаста пластична чанта која на себе го носи логото на познатиот бренд.
Чантата е дизајнирана во неколку нијанси, а постои и невидлив модел со ланец кој овозможува лесно носење.
Лагерфелд уште еднаш успеа да направи сензационален моден додаток кој ги обедини жените во светот.

