Мраз на коловозите, возете внимателно!
Објавено: 30 јануари, 2013, во 08:46 часот
На сите магистрални и регионални патни правци низ државата сообраќајот се одвива непречено, во зимски услови и наместа по влажни коловози.
Поради ниски температури можна е појава на голомразица на планинските премини, мостови и осојничави места.
По клисурите и засеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.
