Починал чекајќи инвалидска пензија, сопругата бара оштета за неправдата! (видео)
Комисијата тврдела дека може да биде продавач во Велеспром кој не постои две децении, а тој имал проширено срце, нозете му се исушиле и ослепел на двете очи.
Починал чекајќи инвалидска пензија, за која државата тврдела дека не му следува. Сопругата на Драган Најдов од Градско и по неговата смрт ја бара правдата. Раскажува како пред десет години ја започнал битката со срцевата болест,пред три месеци ја загубил.Имал проширено срце, од слаба циркулација нозете се исушиле и двете очи му откажала, а и покрај ова комисијата за инвалидска пензија неколкупати ги одбила.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=tMyuxnsEh1Q&feature=youtu.be{/youtube}
„Колку што видов во решението кое ми го вратија, јас верувам дека воошто не ни ги разгледале документите“, рече Живка Најдова.
Ова тврдење го поткрепува со фактот што во решението со кое не се одобрува инвалидска пензија за Драган комисјата го враќа назад на работното место продавач во Велеспром. Ова била последната работа на Драган, но претпријатието не постои веќе две децении.
„Катастрофа, не можам да кажам како ми е, кога би можела да го вратам барем малку назад. Каде ми го испратија, да биде продавач и што да продава. На 30 – ти октомври го добивме решението, тој на 2 – ри ноември почина. Многу се нервираше и ме молеше повеќе да не му давам апчиња“, рече Најдова.
На одлуката на комисијата Најдови веднаш поднеле жалба, но Драган не го дочекал решението. Неговата сопруга вели дека очекува институциите да си ја исправат грешката и макар и по неговата смрт да и ја исплатат пензијата која му следувала.
„Него никој повеќе не може да ми го врати, меѓутоа не знам дали ќе можам да се раздолжам. Но, ја сакам само правдината. Не знам колку да ми дадат нема да го вратат, тој не се враќа, но ќе се раздолжам барем, па повторно ќе работам, ќе се мачам“, рече Најдова.
Драган пред смртта ја изгубил надежта во институциите, но и покрај убедувањата јавно да проговори за нанесената неправда тој не сакал. Сега неговата сопруга вели дека најголема среќа за неа би било да не го изгубела сопругот, но после несреќата е убедена дека правдата мора да ја истера на виделина.