Блискоста со нашите браќа и сестри има позитивен ефект врз нашето здравје!
Објавено: 26 јануари, 2013, во 12:26 часот
Односот со браќата или сестрите силно влијае врз животот.
Уште од детството со нив делиме среќа, тага, тајни, стравови … Меѓутоа, како растеме, тие невидливи емотивни врски “пукаат”. Секој трга на своја страна, со свои цели и мотиви, заборавајќи на оние кои им се најблиски.

Сепак, некои продолжуваат интензивно да се дружат со браќата и сестрите, некои се гледаат повремено, додека има и такви кои не ни комуницираат. Без оглед на која група луѓе припаѓате, имајте на ум дека блискоста со нашите браќа и сестри има позитивен ефект врз нашето здравје.
Лечи депресија
– Истражувања на група психолози од Универзитетот Харвард покажале дека луѓето кои се блиски со своите браќа и сестри се помалку осамени и помалку склони кон депресија од луѓе кои своите братски и сестрински односи не ги оддржаваат. Исто така, луѓето кои се блиски со своите блиски се чуствуваат безбедно во нивните животи.
– Се поголем број на луѓе се чуствуваат несигурни, патат од слаб или силен облик на депресија.
Ја намалува напнатоста
Тоа не се. Силните врски помеѓу браќата и сестрите, освен што помагаат во детството, помагаат и во касниот период од животот.
– Доколку ви недостасуваат друштвени контакти, тоа нема да го доживеете како значаен емотивен проблем. Всушност, додека знаете дека може да се потпрете на вашиот брат или сестра ќе се чуствувате одлично, без разлика колку пријатели имате или немате. Ова не значи дека не треба да се дружите со други луѓе и не значи дека по секоја цена треба да бидете блиски со вашиот брат или сестра. Мудрите луѓе се умерени во се.
Никогаш не е идеално
Морате да имате на ум дека односот помеѓу браќата и сестрите во општеството често се идеализира, односно се смета за свето. Така, на пример, верниците едни на други се нарекуваат “браќа и сестри” што укажува на длабоката духовна врска, лојалност и преданост која не препознава непријателства и конфликти. Меѓутоа, во секојдневниот живот семејните односи помеѓу браќата и сестрите се често многу посложени и далеку од идеални.
– Сите ние сме премногу зафатени, па често не стигнуваме да комуницираме со оние кои ни се најблиски. Затоа потрудете се со вашите браќа или сестри да ги затворите сите дупки во вашата емоционална врска. Ќе се чуствуват многу подобро и посигурно доколку вашата емотивна врска е стабилна.
Што е со единиците?
– Децата кои растат без браќа и сестри тешко склопуваат пријателства и им треба повеќе време да се прилагодат во општеството отколку оние кои имаат брат или сестра. Меѓутоа, борбата за родителско внимание кои единците се лишени може да биде причина зошто тие се посреќни од оние кои имаат брат или сестра.

