Франција го намалува данокот на екстрабогатите!
Француската влада во рок од еден месец со нови одредби за оданочување на многу високи примања ќе го намали процентот откако лани на крајот на декември го оспори Уставниот суд.
Владата во четвртокот ја демантираше можноста за откажување од најавената даночна стапка од 75 отсто што е највпечатлива мерка на програмата што ја подготвува премиерот Франсоа Оланд.
„Најмногу за еден месец ќе биде понудено ново решение. Се мора да биде законски цврсто и функционално во идниот даночен систем кој прерано го оспори Уставниот суд ,„ вети владата.
Уставниот суд ја оспори планираната даночна мерка бидејќи се однесувала на поединечни даночни обврзници кои заработуваат повеќе од милион евра на годишно ниво, а не домаќинството, како што е во останатите случаи.
Се работи за најавено оданочување по стапка од 75 отсто само на приходите на обврзниците кои надминуваат еден милион евра, на годишно ниво.
Сега владата разгледува повеќе можности според кои новите одредби ќе се однесуваат и на приходите на домаќинствата на кои ќе треба да им се одбива данок.
Францускиот актер Жерар Депардје поради најавената даночна стапка од 75 отсто на крајот на минатата година се закани дека ќе се откаже од француското државјанство. Тој на почетокот на месецов доби државјанство на Русија.
За да го избегне најавеното плаќање данок во својата земја, Депардје, еден од најдобро платените француски актери од неодамна живее во Белгија.