Грипот ја зеде првата жртва, годинава!
Објавено на 24 јануари, 2013 во 15:55
На скопската клиника за инфективни болести почина шеесет и две годишен тетовчанец.
Toj починал дваесет часа откако бил донесена во болницата.
Починатиот претходно се лекувал дома но, не му се подобрувала состојбата.
Освен од грипот тој боледувал од бубрези, имал шекер, висок притисок и проблеми со срцето и не бил вакциниран.
Уште тројца пациенти, од кои едно е четиригодишно дете, се во тешка здравствена состојба од грипот на клиниката.
Грипот забрзано се шири, покажуваат податоците на министерството за здравство.
Во изминатите четири дена има 22 нови случаи на заболени со вирусот на свинскиот грип.
Годинава вкупно има 1750 пријавени случаи, а експертите препорачуваат поголема хигиена за грипот да не се шири.