Папрадиште под нова снежна покривка!

Објавено на 24 јануари, 2013 во 14:22

Рано утринава снегот почна да паѓа и за помалку од три часа се наврнати повеќе од 20 сантиметри.

По вторпат годинава снег го прекри планинскиот масив Јакупица под кој се наоѓа и селото Папрадиште.

Во селото кое се наоѓа на надморска висина од 1000 метри моментално престојуваат само неколкумина жители.

Меѓу нив е и пензионерот Трајко Ленински кој претпладнево информираше дека покривите на мијачките куќи повторно обелеја. Според него во моментов се наврнати дваесеттина сантиметри снег кој сеуште паѓа а предвидувањата се дека следните два до три дена снежната покривка ќе се зголеми до 40 сантиметри.

Првиот снег во Папрадиште , годинава, падна на 12 јануари.

Тогаш за неколку часа се создаде снежна покривка од десет сантиметри. Во неа можеа да уживаат само неколкумината пензионери како и посетителите на планинарскиот дом.

Овој викенд таму најавија дека ќе престојуваат студентите од центарот за обука за југоисточна Европа на академијата на Прокредит банка заедно со професорот Родригез МекМилан .

Сепак од невладината Грин Пауер рекоа дека сеуште во домот има слободни места за сместување на туристи кои сакаат да уживаат во зимската идила на Папрадиште.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.