ВИДЕО: Велес заборавен, отпорот побара поддршка против ненародната власт
Со звукот на сирената, исвиркувања и пароли велешани го најавија маршот за отпор на здружената коалиција кој вечерва се одржа во Велес.
Се собраа во населбата Тунел од каде на чело со лидерите на партиите кој коалицираат против како што велат сегашниот владеачки режим, започнаа да маршираат по главната улица. На чело на колоната недостигаше само лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, а во негово име се извини секретарот Андреј Петров. Смета дека имал побитна работа во што можеле да се уверат и граѓаните. Се надева дека како што рече ќе успее да издејствува предвремени парламентарни, заедно со локални избори бидејќи после случувањата на 24 – ти декември оваа власт мора да си оди.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=ZhCuNDgmEaQ&feature=youtu.be{/youtube}
„Не убедуваа вчера дека треба да најдеме комисија која треба да ја утврди одговорноста, каква пуста комисија кога од авион се гледа што се случи. Се гледа дека брутално беа тепани новинари и пратеници. Ни велат дека треба да ја лоцираме одговорноста, но таа е лоцирана. Таа е во оваа власт и за тоа ги повикуваме да седнеме и низ политички дијалог да договориме да му ја вратиме власта на народот на предвремени парламентарни избори“, рече Андреј Петров.
Денеска навршува еден месец од црниот петок, кога власта тепаше народ, пратеници и новинари, но и покрај тоа таа треба да се плаши од нас, а не ние од неа им порача на присутните велешкиот пратеник Марјанчо Николов. Не случајно, рече тој, граѓанскиот парламент се одржува пред гимназијата „Кочо Рацин“.
„Во 1942 – та година исто така ги избркале средношколците од гимназијата. Тргнале на штрајк поддржани од многу велешани. Ако тие тогаш можеле да се охрабрат и да излезат против окупаторот и фашистите, зошто ние да се плашиме од власта што ја бирам, доста е“, рече Марјанчо Николов.
Оваа власт ништо не стори за градов, го заборави додека вложуваше, сечеше ленти и ставаше камен темелници во останатите им порача на сограѓаните кандидатот за градоначалник Аце Коцевски.
„Во Велес не пресекоа ниту една лента, а поставија само еден камен темелник и тоа лажен. Недалеку од тука на новата театарска зграда. Го поставија во функција на изборите на шест метри повисоко од планираното, за потоа да го ископаат и фрлат на депонијата за градежен шут3, рече Аце Коцевски.
Калицијата за отпор најави дека утре ќе протестира во Kавадарци, а за во сабота ги повика велешан да се приклучат на големиот протестен марш кој ќе се одржи во Скопје.