Кабинет за децата со потешкотии во развојот во велешката градинка!
Дефекотолг во градинката веќе работи со децата на кои им е потребна помош, недостига логопед.
Дваесет и едно детенце со пречки во развојот е згрижено во градинката „Димче Мирчев“. Со нив веќе долго време работи дефектолог бидејќи е потребна посебна програма за да се подобри развојот на овие деца. Но, според надлежните во тек е реализацијата на проектот со кој во градинката ќе профункционира посебен дефектолошки кабинет.
„Нашиот дефекторлог е постојано со децата и секое од нив го третира како посебен случај. За секое изготвува програма и во текот на учењето ја реализира. Оваа работа многу повеќе ќе се олесни откако тука ќе почне да функционира и кабинетот кој е во изградба“, вели Анида Цецева, директорка на градинката.
Освен ова на градинката и е потребен и логопед и од таму велат дека од Владата веќе побарале вработување и го чекаат одобрението. До сега со децата работел логопед, но од здравствениот дом, што според раководството не е доволно за правилен раст и развој на децата. Утврдиле дека на 60 проценти од нивните штитеници им е потребна помош од логопед.