Екстерните тестирања се ближат, училиштата со проблем за нивно спроведување!
Компјутерскиот софтвер кој е потребен за реализација на тестирањата сеуште не е инсталиран.
Пробните тестрирања кои се вршеа во изминатиот период ги открија и добрите страни, но и проблемите околу реализацијата на екстерното тестирање. Образовните институции сеуште го немаат инсталирано компјутерскиот софтвер преку кој ќе се изврши тестирањето. Сепак од велешката гимназија не очекуваат ова да биде голем проблем.
„И нашата гимназија Кочо Рацин во првата половина од годинава имаше проблем со интернетот и инасталацијата на компјутерите па во многу мал дел можевме да работиме на подоготовките. Меѓутоа сега правиме напори да бидеме што поспремни за екстерното тестирање. Не верувам дека ова ќе го доведе во прашање тестирањето, но сепак е проблем“, вели Славче Давитков ,заменик директор во гимназијата.
Инаку од таму велат дека ниту учениците ниту професорите се противат на овие тестирања иако тоа беше случај во предходните години, по што имаше и две годишна пауза . Инаку тоа ќе се реализиара во втората половина на мај и доколку се покаже дека знаењето на учениците отстапува од оценката која ја добиле преку целата година тогаш предметниот професор ќе зема помала плата за 15 проценти.