Диверзија на уличното осветлување во Кавадарци!?
Проболемот со уличното осветлување во Кавадарци е надминат.
Вака информираа денеска од општината. Екипи задолжени за уличното осветлување во текот на вчерашниот ден интензивно работеле на решавање на проблемот. Уличното осветлување на спорните улици било во функција, а во текот на ноќта линијата се следела и немало никакви проблеми.
Постои сомнеж дека се работи за диверзија и човечки фактор е главната причина поради која неколку дена некои делови од градот беа во мрак. Од локалната самоуправа велат дека состојбата ќе се следи и во наредните денови и доколку има потреба повторно ќе се интервенира.
Веќе неколку месеци во општина Кавадарци се реализира проект за промена на уличните светилки со нови “штедливи“ . Голем дел од градот е осветлен со нови светилки, а се врши и реконструкција на мрежата за улично осветлување.