Почина археологот што ја пронајде окарината во локалитетот Мрамор!
Објавено на 21 јануари, 2013 во 23:56
Велешанката Трајанка Јовчевска, археолог на велешкиот Народен Музеј, почина на 53 годишна возраст и по кратко боледување.
Таа го пронајде над шест илјади години стариот музејски ескпонат окарина. Музичкиот инструмент е со непроценлива вредност во светски рамки.
Јовчевска, глинена флејта – окарина, ја откри при археолошките истражувања во археолошкиот локалитет Мрамор. На овој инструмент свиреше музичарот Драган Даутовски.
Јовчевска зад себе остави значајни трудови за енеолитстка куќа ,,Кале,, и некрополата од доцното бронзено железно време ,,Манастир,,.