Фармерки кои ќе ве ослободат од целулитот!
Објавено: 18 јануари, 2013, во 10:39 часот
Бренд Вранглер на крајот на месецов на пазарот ќе лансира фармерки за кои тврди дека ќе ви помогнат во борбата против целулитот.
Материјалот е направен од состојки како што се кофеин и екстракт од алги.
После фармерките кои ви го стегаат стомакот и во кои нозете ви изгледаат слаби, Вранглер најави фармерки кои ќе ви дадат антицелулитен третман.
Од Вранглер тврдат дека клиничките тестови покажале намалување на целулитот дури за 69% кај оние кои ги носеле фармерките осум часа дневно или пет дена неделно, во текот на шест неделното тестирање.
Но, состојките не траат вечно. Внатрешниот слој трае само 15 носења или 4-5 перења. Но затоа, Вранглер измислил и спреј за обновување на внатрешниот слој после секое перење, кој би требало да биде доволен за околку 95 носења. После тоа, може да ги носите како и сите останати нормални фармерки.
Фармерките кои доаѓаат во мали модели како Courtney’, ‘Molly’ и ‘Corynn’, преку онлајн продавницата ASOS.com, ќе започнат да се продаваат на 28 Јануари.

