Не излегувајте од дома без чадор!
Објавено на 18 јануари, 2013 во 07:47
Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд а на повисоките места и со снег. Врнежите ќе бидат повремени и на одделни места пообилни со над 40 литри на метар квадратен. Снегот кој ќе паѓа на планините ќе создаде позначителна снежна покривка.
Локално ќе има појава на грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 0 до 7 степени а максималните дневни од 5 до 12 степени Целзиусови.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 9 степени Целзиусови.