Свински грип се појави во Македонија!

Објавено: 16 јануари, 2013, во 19:58 часот

 

Според Комисијата која ја следи состојбата со грип во државата, бројот на заболени годинава е помал во однос на истиот период минатата година.

 

Последните податоци од Институтот за јавно здравје, од 1 до 13 јануари годинава, од последните анализи од пациенти хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести докажано е присуство на вирус на грип кај три пациенти.

Кај еден пациент било докажано присуство на вирус на грип од тип А (H3N2) и кај двајца вирус на грип тип А (H1N1). Пациентите ја добиваат потребната терапија и се во добра општа состојба.

Клинички се пријавени 411 лица со симптоми на грип, со што вкупната бројка на заболени со симптоми на грип, од октомври минатата година до сега, изнесува над илјада пациенти.

Комисијата за следење на состојбата со грип на вчерашната редовна работна средба ја разгледа состојбата со грип во државата, при што беше заклучено дека бројот на клинички дијагностицирани заболени од грип е помал, во однос на бројот на заболени во истиот период лани, со тенденција за зголемување на нивниот број во следниот период.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.