Најдобар природен лек против грип!

Објавено: 16 јануари, 2013, во 19:28 часот

Вистинска енергетска и имунолошка бомба која грипот ќе го реши за неколку дена.

Грипот стигна а и временските услови му помагаат да се шири исто како и на вирозите. Најзначајната работа за да се зачува здравјето во вакви околности е јакиот имунитет. Рецептот што го нудиме е многу полезен и кога грипот ќе ве нападне.

Напивката можеби не е највкусна но штом ја испиете ќе се чувствувате како да сте испиле енергетска бомба. И одбрамбениот систем на вашето тело ќе добие ново оружје во борбата против вирусите.

Направете ја количината, ставете ја во фрижидер и пијте три до четири дена по една часа дневно.

Рецепт за природен лек против грип:

3 чаши сок од свежо исцеден портокал

1/3 чаша сок од лимон

2 лажици мед

4 чешниња лук

1/2 кафена лажичка индиски шафран

1/2 кафена лажичка лута пиперка

2  лажици изрендан или исцеден ѓумбир

Оваа количина ставете ja во апаратот за сецкање и сецкајте додека не добиете сок кој ќе го соберете во  стаклено шише и ќе го ставите во фрижидер.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.