Олбрајт ја повлече понудата за купување на Поштата и телекомот на Косово!
Компанијата на поранешната американска државна секретарка, Олбрајт капитал менаџмент (Albright Capital Management) се откажала до купувањето на Телеком Косово со објаснување дека има други планови и места во светот каде сака да го вложи својот капитал.
„Компанијата нема забелешки во поглед на процедурата на продажниот тендер“, изјавила прес службата на косовското министерство за стопанство, пренесува Франс прес.
Пораката за повлекувањето на Олбрајт капитал менаџмент на властите во Приштина официјално им пристигнала на 8 јануари, додал истиот извор. Компанијата која ја предводи Олбрајт ги исполнила сите услови за купување на 75 осто од акциите на ПТК кои биле дадени на продажба.
Рокот за пријавување на компании што сакаат да учествуваат во приватизацијата на косовскиот Телеком истекува на 31 јануари. Косовската влада планира да инкасира 300 милиони евра во таа трансакција. Се наведува дека косовскиот Телеком има годишна добивка од околу 40 милиони евра.
Медлин Олбрајт не е првиот американски државен функционер што сака да почне бизнис на Косово. Во јуни косовските власти објавија дека американскиот генерал Весли Кларк, поранешниот командант на силите на НАТО за Европа, поднел барање за добивање лиценца за експлоатација на јаглен на западот на Косово.
Косово го признаа повеќе од 90 земји, вклучувајќи ги САД и поголемиот дел земји-членки на ЕУ. Србија и понатаму ја оспорува прриватизацијата на косовскиот Телеком при што најави и дека ќе се обрати до меѓународното правосудство за да го спречи овој процес.