Совети за женски секрет!
Објавено: 14 јануари, 2013, во 13:05 часот
Настанува од повеќе причини: разни воспаленија на матката, габични заболувања, стрес, од некои лекови.
Секретот кај жените е нормално кога го има во мали количини. Се јавува повеќе во текот на плодните денови.
Прво што треба да промените, доколку имат зголемено количество на секрет, за своја интимна хигиена не смеете да користите никакво хемиско средство, бидејќи стручњаците докажале дека било кој вид на сапун или слично, ги убива добрите бактерии, кои ја одржуваат киселоста на матката, т.е. нејзината нормална состојба и здравје.
Користете топла вода или чај од камилица.
Носете памучен долен веш, што нема да Ве стега.
Еве неколку совети како природно да го лекувате секретот:
Во природно маслиново, а може и сончогледово масло, задолжително и без конзерванси ставете невен. Истото можете да го направите и со кантарион, но, не заедно во истото шише, и нека отстои неколку дена на топло, по можност на место каде допираат сончевите зраци. Од тоа масло навечер ставајте на матката (имате во аптека да си купите, слично е на шприц, со чија помош го нанесувате маслото), и лежете за да може маслото да се задржи што подолго внатре.
Користете свинска маст, ама чиста, измијте ја убаво, и во сад со свинската маст, ставете малку ладна вода, и размешајте убаво со лажица. Повторете го тоа 10 пати, потоа секоја вечер маста намачкајте ја на памучна крпа и ставете го како облога, и така спијте. Правете така барем 10 пати измеѓу два менструални циклуси и вашиот секрет ќе биде сигурно излекуван како и поголемиот дел воспаленија или габични заболувања.
Чај од бела дива детелина е исто така добра, се користат само цветовите, исушени на ладно. Доволно е по две шолји од овој чај дневно.
Чајот од невен е многу добар за сите женски болести. Нормално, не смееме да ја заборавиме и мајчината душица.
Кај повеќето заболувања кои се лечат со билки, една или две постапки за третирање нема да бидат доволни, затоа морате да бидете упорни ако сакате да си помогнете себеси.
