Сообраќајно поучување: Неприлагодената брзина убива!
За сите учесници во сообраќајот кои поради невнимание или брзина направиле прекршок за спроведе прво сообраќајното поучување за оваа година.
Првата ваква обука веќе се одржа во кавадаречката полиција, а се советуваа возачите кои за време на празниците направиле прекршоци во сообраќајот и наместо казна добија покана за поучување од полицијата.
Одделението за безбедност во сообраќајот со целната група ги сподели аналитичките показатели од 2012 споредени со 2011, а поврзани со сообраќајните незгоди како и причините, штетите и последиците во истите.
“Веќе со години, повторно на врвот е неприлагодената брзина спрема условите на патот како главна причина за сообраќајни несреќи.Да се внимава со паркирањето и запирањето во централното градско подрачје, а особено да се почитува законот за пешаци и задолжително да ги пропуштате бидејќи во спротивно се случуваат незгоди со фатални последици, како што се на ниво на Македонија последните неколку во кои жртви се пешаците“ рече инспекторот по превенција Диме Крстев.
Во рамки на првото сообраќајно поучување за оваа година на возачите им беа презентирани неколку видео спотови изготвени од Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај на тема брзина, управување под дејство на алкохол, паркирање, минување на пешачки премин.