Како да го зачувате видот пред компјутер?
Aко постојано работите пред компјутер, применете ја формулата 20/20/20 и ќе го зачувате вашиот вид.
Како да го спречите проблемот со очите ако работите постојано пред компјутер е проблем кој ги мачи многу македонци. Всушност, гледањето во екран ги суши очите и ги заморува, и тогаш трепкате два пати помалку од вообичаено.
Рецептот за добар вид е едноставен, применете ја формулата 20/20/20 т.е. на секои 20 минути погледнете 20 метри во далечина на околу 20 секунди.
Во случај да работите во канцеларија без прозори и тоа не е возможно, насочете го погледот во најдалечната точка која ја имате во околината. Исто, најдобро е врвот на мониторот да го држите во иста височина со очите.
Совет за оние кои носат диоптерски очила – ставете заштитен филтер на екранот. Ако имате помалку од 40 години, очите треба да ги прегледувате на секои две години, а оние кои се постари од 40 години и имаат веќе диоптер треба да одат на преглед минимум секоја година.
Најмногу треба да внимаваат оние кои не носат очила, бидејќи никогаш нема да знаете кога ќе имате потреба од нив. Ако имате дијабетис или висок крвен притисок, неопходно ќе ви требаат очила, па затоа одлучете се што побргу да посетите оптичар.