Месарите ќе го мелат месото пред граѓаните!
Објавено на 8 јануари, 2013 во 17:29
Агенцијата за храна и ветеринарство предложи нов правилник според кој месарниците не можат да продаваат однапред мелено месо. Потрошувачот ќе треба сам да го одбере парчето свежо месо кое месарот ќе треба да го сомеле пред него.
Веќе не смее да се продава месо без потрошувачите да знаат што има во него, велат од Агенцијата. Овој правилник ги обврзува месарниците да продаваат декларирано месо на кое јавно стојат ознаки за потеклото, рокот на траење, местото на колење и неговата обработка.