Есенва нова винарија во Кавадарци!
Објавено на 7 јануари, 2013 во 15:45
Германски инвеститор ги интензивира подготовките околу изградбата на нова винарска визба во Кавадарци.Германскиот сопственик планира новиот објект да биде готов до почетокот на бербата на грозје, до септември.
За почеток планира да откупи околу 10 милиони килограми на грозје од кои ќе произведе околу 7 милиони литри вино. Ракија нема да се произведува туку само вино од повеќе вински сорти.
Во винаријата се очекува да се вработат 20-тина луѓе.
Новата винарија ќе се гради на локацијата на поранешниот ладилникот во Кавадарци. Таму сега се расчистува теренот.