Ер Франс со поефтини билети на редовни линии!
За да остане конкурентна, во споредба со евтините или „лоу кост“ летови, Француската компанија Ер Франс најави нови тарифи за 58 кратки и средни летови. Поефтинувањето на летовите следи откако компанијата во текот на 2011 година забележа загуба од 700 милиони евра. Новите цени би требало да се спроведуваат од феврури, годинава, пренесоа француски медиуми.
Патниците за одредени летови ќе можат да избираат меѓу два видови на билети, класичните економски или пак минимални економични билети. Вториве, ќе бидат поевтини за 20 евра. Во двата случаи е предвидена услуга со малку храна и пијалок, но затоа пак за втората категорија минимална економична, багажот ќе се наплаќа 15 евра.
Изборот на поевтината варијанта на авиобилет не овозможува избор на седиштетото при регистрацијата на интернет, ниту пак ќе ги кумулира поените на верност на компанијата.
Новите тарифи ќе важат за летовите во Франција и во Европа со поаѓање од Орли, Марсеј, Тулуз и Ница. Патниците со авиобилет за 49 евра, со вклучени аеродромските такси, ќе можат да летаат за Берлин, за Прага или за Монтпелие. Летовите за Марсеј-Маракеш ќе чинат 79 евра а за Москва и Тел-Авив ќе се плаќа 149 евра.