Божиќeн ручек за болните од церебрална парализа!

Објавено на 4 јануари, 2013 во 16:23

Повардарската епархија во понеделник на 7 јануари, со божиќен ручек и пакетчиња, ќе ги угости  болните од церебрална парализа во Велес. Токму напладне ќе ги отвори вратите на црковно народната кујна во која ќе дојдат деца и возрасни граѓани кои боледуваат од тешката болест.

 

„Сакаме да ги угостиме овие наши сограѓани на денот кој му е посветен на домот и семејството и да покажеме внимание кон нив и нивните семејства,“ рече Митрополитот Повардарски Агатанѓел.

За децата од здружението ќе биде организирано и дружење на кое ќе присуствуваат и родителите кои вообичаено ги придружуваат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.