Намалување на реалната нето и бруто плата!

Објавено на 28 декември, 2012 во 17:59

Во октомври 1.8% од вработените не примиле плата.

 

Во октомври во однос на истиот месец лани реалната нето плата се намалила за 3,5 отсто, а падот кај бруто платата изнесува 3,4%, објави Заводот за статистика..

Според оваа државна институција се намалил и бројот на работници во индустриската гранка  поправка и инсталирање машини и опрема, -29% и кај производството на моторни возила и приколки, -11%.

Бројот на работници во секторот рударство и вадење камен во ноември 2012 година бележи пораст од 9,0% во однос на ноември  2011 година, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2,0%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 3,3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во ноември 2012 година бележи опаѓање во однос  на ноември 2011 година кај интермедијарните производи (освен енергија) за 3,6%, кај капиталните производи за 9,3%, кај трајните производи за широка потрошувачка за 7,9%, додека кај енергијата бележи пораст од 9,5% .

Индексот на бројот на работници во индустријата во периодот јануари-ноември 2012 година во однос на периодот јануари-ноември 2011 година изнесува 97,5.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.