Колку чинат подароците што познатите ги подаруваат за Божиќ?
Холивудските славни личности немаат парични ограничувања кога се во прашање подароците за Божиќ, па затоа на своите најблиски им даруваат подароци со чија цена би ви се завртела главата. Викторија Бекам на своите деца им подари куќа на дрво вредна 50 000 долари, додека Џеј Зи на Бијонсе и подари дизајнерска ташна во вредност од 350 000 долари.
Брет Пит беше нешто поскромен, па на своите деца им поклони хелихоптери на далечинско управување, со кои и самиот играл како мал.
Џорџ Клуни се одлочи да подари свои личен печат, па за пријателите сними ДВД со неговите 100 најдраги филмови.
Метју Меконахи одлучи да биде попрактичен, па затоа обично подарува ноќни ламби или електрични четкички за заби.
Сопругот на Мараја Кери, Ник Кенон, не ги брои парите со кои треба да го плати подарокот за својата љубена, па затоа на Мараја и купи зимска колиба во Аспен за која тој издвои 1.5 милиони долари!
