По Нова Година лекови ќе се купуваат и ноќе!
И во текот на ноќта и за викенд и за време на празници граѓаните од први јануари следната година ќе можат да си купат лекови од аптека.
Ова новина денеска ја соопшти ФЗОМ. Беше речено дека се организира дежурство на аптеките за да се обезбеди континуирана здравствена заштита на осигурениците и лекови од позиивната листа непречено.
Предлогот на Фондот бил прифатен и од Фармацевтската комора на Македонија.
Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на ФЗОМ Јован Грповски кој рече дека за проектот „Дежурни аптеки“ разговарале и со Фармацевтската комора на Македонија која позитивно го оценила и поддржала.
“ Заедно со Фармацевтската комора дојдовме до решение во Скопје, Велес, Кавадарци, Штип, Кочани, Куманово, каде има над 30 илјади осигуреници и најмалку 15 аптеки во градското подрачје да има дежурни аптеки кои ќе работат во текот на ноќта и за празниците“ рече директорот на ФЗОМ Јован Грповски.