Карамбол од возила во верижен судар кај штипска клучка!
Десет возила учествуваа во верижниот судар кој се случи утрово на автопатот Гевгелија – Скопје, токму кај Велес.
Како санки возилаат се ределе едно по друго лизгајќи се по коловозот кој според возачите не бил исчистен од снегот и мразот на овој осоен дел од патот. Ниту тие не знаат како спасиле жива глава, а само двајца од нив поминале со полесни повреди.
„Имаше првен три – четири возила, поради тоа пред мене комбето прикочи јас удрив во него па во мене други кои доаѓаа“, вели Васко Стојков, учесник во сообраќајната несреќа.
„Среќа јас застанав, но од задната страна ме удрија. Луѓето бегаа како од пожар, не се знаеше ништо“, вели Мирче Ташков, учесник во сообраќајната нереќа.
Гневни се бидеќи службите не го исчистиле коловозот од снег и мраз па сметаат дека поради тоа се случила стравичната несреќа.
„Не можеш ни на нозе да застанеш, а не па со возило да се движиш. Ништо нема фрллено, ниту сол ниту песок, а се сомневам дека и возило поминало да исчисти“, вели Ташков.
„Плаќаме патарина, а еве што се случува бидејќи не си ја работата работата. Се лизгаше многу, дури сега дојдоа да чистат“, вели Стојков.
Од полицијата извршија увид на местото на несреќата. Според извештајот 10 возла учествувале во сообраќајката, полесно повредени се двајца.
„Причините за несреќата подоцна ќе се утврдуваат, вели Ненко Александров, портпарол на СВР Велес.
Поради несреќата сообраќајот на овој патен правец беше затворен, а возилата на клучката се пренасочуваа кон автопатот Велес – Скопје. Според полицијата и покрај лошите услови на патиштата засега бројот на сообраќајни незгоди во регионов не е зголемен.