Паднале додека местеле новогодишни светилки!
Објавено на 5 декември, 2012 во 10:02
Двајцата повредени се работници од Двајца работници од фирмата „Линк Медиа Плус“. Дваесетгодишните Ј.И и А.Р ги закачувале светилките на дрвјата, како новогодишно украсување на Скопје.
Несреќата се случила ноќеска скоро на еден час по полноќ, кога повредените работници биле качени во корпа на кран и местеле новогодишни украси на дрвјата од булеварот Партизански одреди. Корпата попуштила и двајцата паднале од голема висина.
Тие биле пренесени на Ургентниот центар, каде лекарите констатирале полесни повреди, по што ги пуштиле на домашно лекување.