„Арапска ноќ” со македонската филхармонија
Објавено: 1 ноември, 2012, во 12:23 часот
Концертот ќе се одржи денес во Дом на АРМ со почеток во 20:00 часот
Филхармонискиот оркестар ќе ја има честа да настапи со еден од најпочитуваните светски уметници на инструментот уд, солистот и композитор Марсел Калифе, и сето тоа под диригентската палка на египетскиот диригент Хишам Габр.
Освен него, како солисти на концертот ќе настапат и извонредниот македонски кларинетист Исмаил Лумановски, пијанистот Рами Калифе, како и Александар Петров на удиралки.
Македонската филхармонија со нетрпение очекува да ви ги долови магичните звуци на една Арапска Ноќ.


