Нов кружен тек за поголема безбедност во сообраќајот
Се решава еден од најгорливите сообраќајни проблеми во Кавадарци. Се реконструира спојот на улиците „Моша Пијаде“ и „Западен Булевар“ над училиштето „Гоце Делчев“.
Токму тука се спојуваат регионалниот пат Неготино-Прилеп со главната улица која води до Индустриската зона-запад. Таму практично не е можно семафорско решение бидејќи тоа не го дозволува патниот правец кој е од регионално значење. Општината по примерот на развиените земји одлучи да изгради кружен тек.
Така ќе се обезбеди непречено и побезбедно одвивање на сообраќајот од кое се очекува да ги намали несреќите кои во отсуство на патна сигнализациjа често се случуваат. Ќе биде поставена и нова атмосферска канализација со што постојната ќе се спои со Северен Булевар и ќе поседува капацитет да ја прифати поројницата од претпријатијата кои се наоѓаат на локација над пекарата. Од општината велат дека ќе ја реконструираат и фекалната канализација.