Нов кружен тек за поголема безбедност во сообраќајот

Објавено на 31 октомври, 2012 во 21:34

Се решава еден од најгорливите сообраќајни проблеми во Кавадарци. Се реконструира спојот на улиците  „Моша Пијаде“ и „Западен Булевар“ над училиштето „Гоце Делчев“.

Токму тука се спојуваат регионалниот пат Неготино-Прилеп со главната улица  која води до Индустриската зона-запад. Таму практично не е можно семафорско решение бидејќи тоа не го дозволува патниот правец кој е од  регионално значење. Општината по примерот на развиените земји одлучи да изгради кружен тек.

Така ќе се обезбеди непречено и побезбедно одвивање на сообраќајот од кое се очекува да ги  намали несреќите кои во отсуство на  патна сигнализациjа  често се случуваат. Ќе биде поставена и нова атмосферска канализација со што постојната ќе се спои со Северен Булевар и ќе поседува капацитет да ја прифати поројницата од претпријатијата кои се наоѓаат на локација над пекарата. Од општината велат дека ќе ја реконструираат и  фекалната канализација.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.