Македонската убавина, преку Кина, ќе го освојува светот!
Велешанката Билјана Шкортова, нашиот успешен топ модел, деновиве ќе замине во Кина во освојување на титулата „Мис Модел на светот“ 2012.
За престижната титула на овој интернационален избор кој се одржува по 24-ти пат, Билјана како официјална претставничка од Македонија ќе се натпреварува со модели од 70-тина држави од светот.
Непосредно пред заминувањето, Билјана ни изјави дека е подготвена за овој нов предизвик.
„ Изборот за Мис модел на светот во Кина, за мене е нов предизвик. Заедно со Роберт Граматиков кој е национален директор и носител на лиценцата за овој избор, ги правиме последните подготовки и верувам дека ќе имам беспрекорен настап“, рече Шкортова.
Билјана ќе замине во Кина на 12-ти ноември и ќе престојува до 3-ти декември, годинава. Модната куќа НАНА веќе ги подготвува креациите за националниот костим и вечерниот фустан со кои таа ќе настапи на финалната вечер и истите ќе бидат дополнети со накитот кој го обезбеди Duki&Daso. Во меѓувреме Билјана редовно ги посетува велнес центарот во хотелот „Плаза“ и Студио „Бубе Ин “ каде ги добива сите потребни третмани и совети за својот изглед.
Пред две години Билјана Шкортова ја претставуваше Македонија на еден од најстарите избори за убавина „Мис интерконтинентал“ на Карибите каде замина со убедливо водство од интернет гласањето со околу 6000 гласово пред второпласираната кандидатка. Таму Билјана беше меѓу петте избрани учеснички за учество на изборот мис Indian Princess во Индија од вкупно 64-те кандидатки.