Љубоморен колега? …можеби е до хороскопот!
Може ли да поминете преку зависта и љубомората која ја чуствувате за вашите колеги и пријатели? Или сте непоправливо завидливи?
Овен
Вие сте знак кој сака да се натпреварува, а новата позиција на пријателот ќе ja доживеете како предизвик. Изненадувачки, нема да бидете злобни или љубоморни, туку едноставно нивното унапредување ќе го сватите како поттик.
Бик
Вие не се замарате со вакви работи бидејќи живеете во свој свет. Ако некој ви е близок и вие ќе бидете многу среќни со него. Можеби некаде длабоко во себе ќе почуствувате губење на контролата, но тоа никогаш нема да го покажете.
Близнаци
Близнаците се воодушевени кога некој близок напредува. Најверојатно од успехот на пријателот ќе извлечат корист, бидејќи близнаците сакаат да ги искористуваат сите ситуации.
Рак
Во себе ќе почуствувате конфликт кој ќе се обидете да го прикриете за да не бидете негативни или злобни. Долгорочен успех на вашите колеги или пријатели ве радува, но кога ќе дознаете детали поврзани со успехот тоа тешко го доживувате.
Лав
Вие обично верувате дека сте преодредени за големи нешта и најверојатно успехот на некој пријател или колега ќе го доживеете лично. Цените кога некоја блиска личност е успешна и мислите дека делумично успехот е по ваша заслуга, па затоа лесно се фрлате на честитање.
Девица
Девиците немаат големо его па ниту во успесите на нивните пријатели не гледаат негативно. Можеби за момент ќе почуствуваат завист, но многу брзо ќе ја надминат.
Вага
Вагата ќе се вознемири доколку не ја повикате на прославата за новатата работа или не ја запознаете со нови колеги од кои таа би можела да има корист. Вагите сакаат професионални врски, па во успехот на пријателот ќе бараат можност за истакнување.
Шкорпија
Шкорпиите ќе ви дадат неколку остри коментари и на тој начин ќе ви укажат и на лошите страни на вашиот успех.
Стрелец
Стрелците ќе им честитаат на своите пријатели, гледајќи на успехот како потенцијален чекор за сопствен успех. Туѓиот успех на стрелците им сигнализира дека е можен напредок доколку се потрудат малку повеќе.
Јарец
Јарецот нема премногу да се воодушеви со туѓиот успех, но не е љубоморен. Тој е рамнодушен. Јарците се секогаш фокусирани на себеси и својата кариера, така што не ги приметуваат другите, па затоа не очекувајте воодушевување кога ќе им соопштите туѓ успех.
Водолија
Водолиите знаат дека сите луѓе одат на различни патеки, па ќе се радуваат поради пријателите, но ако веста за унапредувањето на колегата или пријателот се појави во лош момент може да бидат многу злобни, иако подоцна кога ќе се смират спокојно ќе честитаат.
Риби
Однадвор Рибата ќе изгледа како воодушевена од туѓиот супех, но ако нема план за сопствен напредок може во себе да се обвинува.