Вистината за дрогите
Објавено на 13 октомври, 2012 во 21:10
Вистината за дрогите беше презентирана пред кавадаречките гимназијалци.Тие беа информирани за нејзиното штетно влијание врз умот и целото тело.
Предавач беше претседателот на Здружението “Центар за едукација, превенција и рехабилитација на зависности од дрога и алкохол Нарконон Балкан“, Борче Мирчевски. Гимназијалците потпишаа одлука дека никогаш нема да земаат дрога.
Кампањата ја подржа и локалната самоуправа, а целта е да се намали бројот на нарко зависници во Кавадарци.
“Кога овие деца ќе знаат повеќе за дрогата како отров ќе имаат разум, мотиви и сили да не потклекнат на животните искушенија и да го продолжат животот напред“рече директорката на гимназијата “Добри Даскалов“, Невенка Поп Ангелова.