Од денес може да се шетаме без маски на отворено
Од денеска граѓаните ќе можат слободно да диши без маски на отворено. Оваа мерка само ќе важи во затворени простории, јавен превоз како и групирање на повеќе лица на отворен. Младенците ќе може да закажуваат свадби со ограничен број на гости, полицискиот час ќе остане на сила до 15 јуни.
Eпидемијата полека спласнува, но граѓаните треба да бидат внимателни, изјави денеска апелира министерот за здравство Венко Филипче.
-Дозволени се прослави на нив ќе може да има до 100 гости на отворено да не биде повеќе од 50 посто од капацитетот на ресторанот. Епидемијата спласнува, но апелирам граѓаните да бидат внимателни секогаш при рака да имаат заштитна маска доколку се надвор и има групирање сите треба да се свесни дека сега имаме стабилни ситуација, но никој не може да предвиди што ќе се случува, вели Филипче.
Поради намалувањето на бројот на новозаразени лица, Кризниот штаб одлучи да ги прифати мерките кои Комисијата за заразни болести ги достави минатата недела. Засега полицискиот час останува на сила до 15 јуни.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.272, бројката на оздравени пациенти е 148.709, на починати е 5.413, а бројот на активни случаи изнесува 1.150.