Од изминатата сабота нема нов случај на ковид-19 во Велес

Објавено на 8 јуни, 2021 во 15:00
Велес

Пред три дена, во саботата, по подолг временски временски период беше регистриран еден случај на болен граѓанин од ковид-19. Потоа се до денеска во евиденцијата на Институтот за јавно здравје нема регистриран новозаболен велешанец.

Исто така во велешко има само два активни лица, додека во болницата хоспитализирани се девет пациенти и од нив тројца се на кислородна поддршка.

Од институтот за јавно здравје информираат дека се направени 2.853 тестирања и регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19 во Македонија. 

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.