Пристигнува донацијата од Грција: Во Скопје ќе стигнат 20 000 дози „Астра-Зенека“
Вчера пристигнаа 12.870 дози вакцини „Фајзер“. Министерот за здравство, Венко Филипче информира станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози кои се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4.680 во рамките на програмата „Тим Европа“.
-Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, вакцините пристигнуваат во континуитет, информираше министерот.
Денеска се очекува од Грција да прситигнат 20.000 дози на „АстраЗенека“, а се очекува количина и од руски „Спутник В“, за кои нема конкретни рокови кога ќе пристигнат.
Во текот на неделата се очекуваат и 500.000 дози од компанијата „Синовак“. Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека со половина милион вакцини од „Синовак“ ќе бидат вакцинирани пријавени лица на vakcinacija.mk. Досега 448.502, граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата.
Досега вакцинирани се околу 442.928, граѓани од вкупно 449.456 регистрирани. Со две дози вакцинирани се 257.000 граѓани.