Македонскиот стрип на балканска Смотра во Лесковец
Во Лесковец, соседна Србија, од 25 до 27 јуни ќе се одржи традиционалната „23 Балканска смотра на млади стрип автори“, една од најреномираните и највлијателни манифестации на Балканот и пошироко. Годинава оваа смотра се одвива во рамки на проектот CAN (Comic alliance Networking) FOR BALKANS, финансиран од програмата „КРЕАТИВНА ЕВРОПА -подпрограма за култура на Европската унија. Носител на овој неколкугодишен проект е Музеј на историјата во округот Брашов во Романија. Освен училиштето „Никола Митровиќ-Кокан“ од Лесковац вклучени се Стрип центар на Македонија со седиште во Велес , Белгискиот стрип центар од Брисел и Државниот историски музеј од Тирана ,Албанија.
-Како што веке објавивме порано овој проект тежи кон вмрежување на релевантните стрип асоцијации од вклучените земји како и афирмирање на социјалната примена на стрипот, во овој случај националната историја, рече Томе Трајков, програм координатор во СЦМ.
На смотрата во Лесковац освен персоналот на Стрип центарот од Велес ќе присуствуваат и македонските стрип автори : реномираниот мајстор Ласко Џуровски , брачниот пар Емилија и Стојче Тоциновски од Студиото за цртање „ФАНТАСТ“ од Скопје , како и младиот и надежен Томи Џуровски. Сите тие ќе присуствуваат на бројни презентации, дебати, изложби. Ќе бидат прогласени и најдобрите стрип уметници на традиционалниот објавен конкурс .
Балканската стрип смотра има големо значење за македонскиот стрип бидејки е традиционална и овозможува широки меѓународни контакти. Од Лесковац со години наназад се пријавуваат голем број на стрип автори на традиционалниот стрип конкурс што е дел од „Стрип салонот“ во Велес додека македонските стрип автори со задоволство учествуваат на конкурсот во Лесковац. СЦМ Велес само за оваа година мобилизираше 42 претежно млади автори од повеке градови на нашата држава.
Убавка Јаневска