Градежните компании работат дома но, не и надвор од државата
Градежништвото останува најголем двигател на македонската економија и гранка која остварува најголем раст.
Градежните компании се ангажирани на изведба на патната инфраструктура и на објекти од висока градба. Има 4.349 фирми во градежништвото кои учествуваат со 6,2 процeнти од активните компании во државата.
– Во 2015 година има зголемување на договорените градежни работи за 65,8 проценти, во однос на 2014 година, пред се заради инвестиции во инфраструктурата – изјави Марија Петроска од Стопанска комора на Македонија.
Од овие 4.349 компани, 150 се со над 20 вработени и се носители на најголемите градежни активности. Во нив работат 95 проценти од вработените во оваа гранка каде што има 50.866 вработени.
Лани, имало пад на гардежните активности на компаниите надвор од државата за 52 процeнти од 2014 година, што според претседателот на Здружението на градежништво, Андреа Серафимовски се должи на ангажираноста на компаниите дома.
Најголем дел од извршените градежни работи во странство, се во Босна и Херцеговина со околу 66 проценти.
Учеството на градежништвото во бруто-домашниот производ во 2008 година изнесувало 4,9 проценти, а во 2015 година 6,4 проценти.
Активностите во градежништвото се очекуваат да се зголемат и во наредниот период.
Просечната нето-плата изнесува 19.306 и е за 13 проценти пониска од просечната нето плата во државата која изнесува 22.715.