По студеното утро денот ќе биде сончев и релативно топол
Објавено: 8 октомври, 2026, во 08:53 часот
Утрото ќе биде ведро, а во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време, со мала до умерена локална облачност, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Услови за дожд ќе има во западните планински делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од -1 до 7 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 19 до 28 степени.
Во Скопје се очекува сончево и релативно топло време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Дума.мк


