Изречени над 400 глоби за неиздавање фискални сметки
Објавено на 1 јули, 2021 во 11:13
По завршувањето на најголемиот бран на Ковид кризата, имаме направено огромен бројна контроли и изречени се повеќе од 400 казни, односно глоби за даночните обврзници низ целата држава, рече денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
-Уште првата година по воведувањето на апликацијата „МојДДВ“ за граѓаните имавме огромен број на пријави за неиздавање на фискални сметки кои одеа преку анонимни пријави од страна на граѓаните во канцелариите на Управата, преку линијата 198 и на јавни социјални медиуми. Врз основа на тоа сме постапиле насекаде. Направени се огромен број на акции и на контроли, рече Лукаревска.