Пронајдена марихуана кај двајца малолетници
Објавено на 2 јули, 2021 во 11:24
Министерството за внатрешни работи информира дека се приведени 4 млади лица, кај кои била пронајдена дрога.
-На 01.07.2021 во 23.50 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција Гостивар на ул.„Карагач“ во Гостивар лишени од слобода се М.Д.(19) од Гостивар, Ј.М.(20) од с.Речане, и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од Гостивар, кај кои е пронајдена марихуана. Тие се приведени во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка. По документирање на случајот против нив ќе биде изготвен поднесок, велат од полицијата.