МЗ: Досега се вакцинирани над 346.000 граѓани
Министерството за здравство информира дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.
-Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 481.809 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 346.836 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.294 , а вчера вкупно се вакцинирале 14.615 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 572.176 дози вакцини, а ревакцинирани се 225.340 граѓани, велат од Министерството.
Спред нив, со последните бројки 52 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.