Реализирана издавачка програма на Македонскиот стрип центар – Велес
Издавајки ги двата броја на списанието „Стрип креатор“ поточно броевите 33 и 34, алманах „Македонски стрип алманах 2021“, стрипот „Шенко“ на Миле Топуз како и трите книги „Итар Пејо“ и „Насрадин Оџа“ од Раде Дичоски и Херлок Шолмс мајстор на маската, епизода „Тарзан,господар на џунглата“ на Јулио Радуловиќ Јулес од Хрватска. Стрип Центарот на Македонија – Велес ја реализираше годишната програма за издавачка дејност, финансирана од Министерство за култура.
– Поаѓајќи од фактот дека во досегашните броеви на списанието се објавуваат наградените стрипови од Меѓународниот конкурс за стрип што СЦМ – Велес го објавува секоја година, редакцијата продолжува со истата концепција како и со објавување на избрани стрипови од македонски автори. Изданието „Македонски стрип алманах 2021“ група на автори го зголемува и стимулира бројот на македонски стрип автори. Тука се претставени стрип дела на: Стефанија Ристовска, Софронија Шарламанов, Мартина Величковска, Марија Стојановска, Гунај Абдулов, Евгенија Трајковска, Јана Бутеска ,Ване Трајков, Лаѕар Ангелков, Александар Цакоски, Оливер Цветковски, Илко Стојановски ,Горан Трпков како и гостинката од Нови Сад Ања Тановиќ, информира Томе Трајков од СЦМ-Велес.
Стрип книгата „Итар Пејо“ и „Насрадин Оџа“ од Раде Дичоски се состои од повеќе приказни, извори и истите се соберени во една визуелна форма како што е стрипот. Со цел посликовито да се долови начинот на живеење, обичаите, јазикот, архитектурата и другите карактеристики на тоа време, направени се 16 приказни во стрип со вкупно 45 страници.
Потоа, стрипот „Шенко’’ од доајенот Миле Топуз е направен врз основа на романот на македонскиот новинар и писател, Киро Донев. Во стрипот, Миле Топуз, во стил на академски сликар ги поврзува сликите на македонските измачени селани во струмичко, под пазувите на Беласица, во време на турското ропство.
И на крај, стрип книгата Херлок Шолмс – крал на маската епизода „Тарзан, господар на џунглата“ на Јулио Радуловиќ Јулес од Хрватска, според сите релевантни мислења е најголемиот светски стрип цртач на денешницата, заедно со текстописецот Звонимир Фуртингер.
Стефани Манева